Научниците од Женевскиот универзитет веруваат дека нашле одговор на прашањето како да се постигне брачна среќа. Сопругата мора да биде пет години помлада, барем 27 проценти поинтелегентна, да има диплома и да биде од истиот општествен сталеж.


По оваа формула шансите за успешен брак се поголеми за 20 проценти. Во истражувањето учествувале 1074 пара од 19 до 75 години. Истражувањето исто така покажало дека партнерите кои се верни еден на друг секоја вечер разговараат по просечно 24 минути и никогаш не одат во кревет лути.