На денешната трка во САД, во Индианаполис, пилотот на Мекларен – мерцедес со супериорно возење ја оствари втората победа по ред во првенството (втора воопшто во кариерата) и се зацврсти на првото место на табелата (58 бодови).
Еден-два победа за Мекларен. Втор беше актуелниот шампион Фернандо Алонсо, а благо разочарување за Ферари – Маса трет, Раиконен четврти. Британскиот тим доминираше низ целиот викенд, Хамилтон имаше пол, а Фернандо Алонсо стартуваше втор.
Табела по седум трки:
1. Хамилтон 58
2. Алонсо 48
3. Маса 39
…
Следната трка е на 1. јули за Големата награда на Франција.