Формула 1 потпиша договор со организаторот на Големата награда на Кина. Договорот е на три години, но трката нема да ја има следната сезона. Така „Кинеското ГП“ ќе се одржи во 2023, 2024 и 2025 година.

Среќни сме што можеме да објавиме договор со кој ќе се одржуваат трки во Шангај до 2025 година – одлична вест за сите наши фанови во Кина. Сите сме разочарани што не можевме да ја вклучиме Кина во календарот за 2022 година поради пандемијата што е во тек, но сцената ќе се врати во календарот штом условите дозволат. Со нетрпение ја очекуваме можноста да се сретнеме со кинеските навивачи што е можно поскоро, го цитира „Ф1 њуз“ претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Во сезоната која е во тек, следната трка во Ф1 шампионатот е закажана за утревечер од 20 часот, кога на програмата е Гран при на Мексико.

OhridNews