Актуелниот шампион во Формула 1 Џенсон Батон прв ја мина целта на Сепанг во Кина. Второпласиран е неговиот тимски колега од Мекларен Луис Хамилтон додека пласман на пиедесталот обезбеди германскиот возач Нико Розберг.



Фернандо Алонсо го зазеде четвртото место, Роберт Кубица се пласираше на петто место, Себастијан Фетел кој имаше пол позиција заврши на шестото, бразилецот Филепе Маса заврши на деветта додека седумкратниот првак Михаел Шумахер е на десетта позиција.

Генерален пласман возачи:

1. Џејсон Батон 60 поени
2. Нико Розберг 50
3. Фернандо Алонсо 49
4. Луис Хамилтон 49
5. Себастијан Фетел 49
6. Фелипе Маса 41
7. Роберт Кубица 40
8. Марк Вебер 28
9. Адриан Сутил 10
10. Михаел Шумахер 10

Генерален пласман конструктори:

1. Мекларен Мерцедес 109
2. Ферари 90
3. РБР Рено 73
4. Мерцедес ГП 60
5. Рено 46

Наредната трка од формула 1 циркусот се вози на 9 мај во Каталуња Шпанија.

Мх.П.