Со присуство на 22 советници, Советот на Општина Охрид, денес ја одржа втората седница. Советниците го потврдија изборот на советникот Нефи Усеини и едногласно ги изгласаа предлог- решенијата за формирање на комисиите кои ќе работат во делокругот на Советот.
Формирани беа комисијата за финансии и буџет, комисија за јавни и комунални дејности, комисијата за урбанизам, комисија за општествени дејности, комисија за туризам и локален економски развој, комисија за заштита на животна средина, комисија за млади и спорт, комисија за месна самоуправа, комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија и комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените.
Советниците со 22 гласа ЗА ги утврдија претседателите и членовите на формираните комисии.
Со статутарно- правната Комисија ќе претседава Антонио Наумоски, за претседател на комисијата за финансии и буџет е избрана Благородна Чулческа, претседател на комисијата за јавни и комунални дејности е Ана Крстеска, со комисијата за урбанизам ќе претседава Ванчо Костоски. За претседател на комисијата за општествени дејности советниците ја избраа Билјана Додева Стојаноска, додека на комисијата за туризам и локален економски развој претседател е Деса Косаркоска. Со комисијата за заштита на животна средина ќе претседава Кире Пердулоски, а со комисијата за млади и спорт Бесник Османи. Претседател на комисијата за месна самоуправа е Арбен Демироски, а Перчо Божиновски беше избран за претседател на комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија. На комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените за претседател е Милена Грозданоска.
Како што претходно беше објавено мнозинството во новиот Совет на Општина Охрид е формирано од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“ , Левица и ,,Охрид пред сè. За координатор на советничка група на ВМРО – ДПМНЕ е избран Перчо Божиновски.
K.A.