Формирањето на новото јавно претпријатие за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори, е прашање на денови. Одлуката се очекува да биде донесена на првата наредна седница на Советот на која ќе биде  утврдена  дејноста на Јавното претпријатие, финансирањето и другите прашања од значење на Јавното претпријатие.


новото јавно претпријатие ќе стопанисува и со спортските објекти и со паркинзите

Називот на  новото јавно претпријатие ќе биде ЈП „Билјанини Извори-Охрид“. Според статутот предвидено е тоа да ги извршува следните дејности:

 – изградба, одржување и стопанисување на објекти за спорт, сопственост на општината;
 – организирање на спортски приредби и манифестации;
 – поддржување на систем на натпревари на општинско ниво;
 – поддржување на масновниот, рекреативниот спорт, систем на натпревари на училишниот     спорт и манифестации и натпревари за лица со посебни потреби;
 – користење, опремување и планирање на изградба на современи спортски објекти;
 – изградба, одржување и стопанисување на јавниот простор за паркирање.

Предвидено е  Јавното претпријатие, по претходно добиена согласност од основачот(општината), да може да обавува и други дополнителни дејности, во сверата на спортот и спортскиот туризам.

Г. Момироски