Од денес во Советот на општина Охрид ќе дејствува нова советничка група составена од советниците: Драган Пандески- НСДП, Верица Хајба- НСДП и независниот советник Љупчо Настовски.

Како што изјавија за Ohridnews членовите од новоформираната советничка група, основната цел поради која се решиле на ваков чекор е донесување на поконструктивни и поквалитетни одлуки во Советот, кои ќе бидат во интерес на граѓаните на Охрид, без разлика на нивната верска и политичка припадност.
 
Останува времето да покаже дали формирањето на новата советничка група ќе доведе до промена на силите во советот во кој, до сега, мнозинството беше предводено од СДСМ.

OhridNews