Македонското спортко семејство од вчера е побогато за Федерацијата за хокеј на Трева-ФХК.
На основачкото Собрание што се одржа во Охрид за претседател на Федерацијата е избран Дејан Паноски, инаку државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, а за генерален секретар Јован Лотески. Исто така беа избрани работните тела на федерацијата, а беше формирана и репрезентацијата која има спортски директор, селектор и тренер. Собранието во кое партиципираат претставници од сите пет клубови во Македонија избра и вршители на повеќе други функции во федерацијата, а за директор на федерацијата е именуван Васил Ложанкоски.
Претседателот и ген. секретар-Паноски и Лотески
Седиштето на федерацијата ќе биде во Охрид каде има два клуба, а по еден клуб има во Струга, Прилеп и Гевгелија. Во вторник ФХК ќе биде официјално претставена на изборот на спортист на годината што ќе го врши Агенцијата за млади и спорт, најави претседателот на федерацијата, Дејан Паноски. Тој истакна дека повеќе странски дипломатски претставништва во земјава изразиле подготвеност да помогнат во развојот на овој спорт во Македонија, а најконкретна била Холандската амбасада која најавила изградба на две хокеарски игралишта, од кои едното во Скопје, како и помош во опрема и тренери.
Г. Момироски