На иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денеска e формиран Туристички совет на Охрид.

Целта на туристичкиот совет е да ги обедини туристичките работници во Охрид со цел решавање на проблемите во туризмот на локално ниво, велат од агенцијата. Новоформираното тело ќе соработува со агенцијата за туризам и локалната самоуправа за унапредување на туризмот во Охрид.

На состанокот на кој присуствуваа директорот на агенцијата за развој на туризмот, Зоран Стрезоски, раководителот на ТЛЕР, Гоце Симоноски, како и  преставниците на здруженијата  на хотелиери ресторани , кафетерии , агенции, туристички водичи, ноќни клубови и концесионери на плажи кои егзистираат на подрачјето  на општина Охрид,  беа избрани членови на туристичкиот совет.

Во него ќе партиципираат:  Олгица Илоска – претеставник на хотелиерите,  Олег Маленко – претставник од туристичките агенции, Андријана Башовска – претставник од здружението на туристички водичи, Илче Џепароски – претставник од ноќните клубови и концесионери на плажи, Славе Трајаноски – претставник од приватното сместување, Зоран Галевски – претставника од бродскиот превоз и Митко Пендов – претставник од ресторани и кафетерии.

Ohridnews