Наташа Смилеска (локална самоуправа),  Елена Каневче (Младински Совет), Јулијана Алексиоска (образование), Викторија Мургоска (образование), Александра Апостолова (здравство и превенција), Мирко Постолоски (информирање), Јоне Станкоски (Совет на општина), Љубиша Милески и Жана Толеска (вработување, квалитет на живеење,младинска работа – младинско учество), се членовите на новоизбраниот Совет на млади на Општина Охрид. Дополнително ќе биде избран член на Советот на млади од областа на културата.


Станува бзор за проект на Младинскиот Совет Охрид, кој и го организира првиот состанок за формирање Совет на млади на Општина Охрид.

Главна цел на Проектот е формирање Совет на млади како партнер на локалната власт, актер во заедничкото донесување на одлуки, односно ко-менаџмент во рамките на локалната младинска политика, како партнер во реализација на конкретни проекти или општо за развој на локалната заедница.


Проектот за развој на локалната младинска политика што го реализира МСО, до крајот на првото тримесечие на 2011. година, поддржан е од The Balkan Trust for Democracy , а се реализира и со подршка на Локалната самоуправа, Градоначалникот Александар Петрески и Советот на општина Охрид.