Синоќа во Охрид се одржа конститутивна седница на локалниот клуб на Нова демократска алтернатива.
На чело на огранокот на новиот политички субјект застана д-р Здравко Чорбески, поранешен член на ВМРО ДПМНЕ. На состанокот што се одржа во х. Миленмим беа избрани и другите раководни тела на локалниот комитет.
Нова демократска алтернатива на политичката сцена во Македонија постои од пролетта. Основач е пратеникот Ѓорѓи Оровчанец, кој претходно ја напушти ВМРО НП. Објаснувајќи зошто Нова демократска алтернатива, Оровченец пред охриѓани истакна: „затоа што е потребно алтернативно размислување за политичките партии, демократијата и воопшто за граѓаните на Р. Македонија“.
Тој смета дека неговата партија ќе понуди вистинска алтернатива на сегашните состојби и ќе одговори на очекувањата на граѓаните во Р. Македонија.
ohridnews