Со гала свеченост и хуманитарна вечера синоќа во х.„Милениум“ во Охрид официјално беше промовиран „Лајонс“ клубот „Десарети“-Охрид. Клубот постои неколку месеци, но официјалната заклетва дваесетината негови членови ја положија синоќа.
„Постоењето на „Лајонс“ клубот „Десарети“, како и сите Лајонс клубови во светот има хуманитарна основа, и мисијата на нашиот клуб е да помогнеме на секого на кого му е потребна помош“, ни изјави професор д-р Габриела Ракиќевиќ, претседател на „Лајонс“ клубот „Десарети“ – Охрид.
Овој клуб беше активен во изминатите неколку месеци во кои беа рализирани неколку хуманитарни акции. Прва беше акцијата „За посреќно деттсво“ која беше реализирана во соработка со Црвениот крст – Охрид. Лајонс Клубот Десарети беше вклучен и во организацијата на летниот меѓународен камп за деца заболени од дијабетес, а потпомогнат беше и Балканскиот натпревар во Бадминтон, рече Ракиќевиќ.
До крајот на годината ќе бидат реализирани уште неколку акции, а една од нив е и хуманитарната вечера во х. „Милениум“ рече Ракиќевиќ. Средствата што ќе бидат собрани од оваа хуманитарна вечер ќе бидат донирани на Здружението на лица со оштетен вид од Охрид.
„Лавовите“ се познати по својата хуманитарна активност, вели професор Габриела Ракиќевиќ која информираше дека член на „Лајонс“ клубот може да биде секој успешен и истакнат професионалец во својата област кој поседува морал и хуманост.
Г. Момироски