Раководствата на американските авиокомпании „Американ Ерлајнс“ и „Ју-Ес Ервејз“ синоќа ја одобрија одлуката за здружување на двата авиопревозника, со што се формира најголемата авионска компанија во светот, пренесува МИА.

Спојувањето на двете компании официјано ќе биде промовирано денеска, кога ќе биде објавено и новото име на најголемиот светски авиопревозник.


„Американ Ерлајнс“ уште во ноември 2011 година прогласи инсолвентност и од тогаш функционира согласно одредбите од американскиот Закон за банкрот, кој им гарантира на компаниите заштита од кредиторите се до реорганизацијата на нивните долгови.

OhridNews