Општинската организација на ГРОМ – Охрид, синоќа го формира Форумот на жени и го избра раководството кое ќе ги координира партиските активности на претставничките од понежниот пол на партијата во Охрид.
За претседател на Форумот на жени во Охрид е избрана Драгана Крстеска, диломиран економист и сопственик на приватна фирма, за потпретседател Сања Тасевска, дипломиран менаџер по осигурување и магистрант на ФТОН, додека за секретар Марија Кука, магистер по социјални работи и новинар.
Новоизбраното раководство на Форумот на жени на ГРОМ – Охрид изјави дека овие функции за нив се само поттик за уште поактивно работење, со цел афирмација на партијата и успех на претстојните претседателски избор, кое би било возможно само со максимална ангажираност, тимска работа, посветеност и позитивен пристап на секоја жена член на ГРОМ.
„Во вокабуларот на нашиот Форум нема да постојат изразите глупаво прашање или лоша идеја. Ние секое ваше прашање ќе го удостоиме со одговор и секоја ваша идеја ќе биде добредојдена , разгледена и доколку се појави можност, ќе биде и релизирана.“ – изјави секретарот Марија Кука.
„Ние сме таа заборавена средна класа, ние сме Граѓанската опција за Македонија и ние сме тие што треба да направиме сè што можеме за поубав живот во оваа земја, за нашите деца да имаат причина и да сакаат да останат тука да живеат“ – порача претседателката Драгана Крстевска.
Како што информираат од партијата, за раководните функции се одлучувало по доставени предлози на секоја од присутните членки на партијата.
OhridNews