Ракометниот клуб Охрид в среда со почеток во 18:30 часот во Грција против екипата на Воден ќе ја одигра првата контролна средба во зимската пауза во Супер лигата.
Составот на Воден кој се натпреварува во најсилната грчка лига ќе биде одличен ривал за проверка на формата, силиата и квалитетот на охридските ракометари пред кои престојат тешки мечеви во плејофот од националниот шампионат.
– Оваа контрола средба се одложуваше неколку пати поради затворање на границите, но за наша среќа се` се среди и ќе можиме да одиграме тест средба. – рече за Ohrid News, Горан Андоновски.
Пред почетокот на есенската полусезона „гладијаторите“ одиграа контролен меч со Филипос од Верија на кој забележаа победа 30-25.
До стартот на пролетната полусезона во Супер лигата ракометарите на Охрид ќе одиграат уште еден контролен натпревар со екипа од Македонија.
Првиот меч од продолжението во елитата охриѓани го играат против Борец пред своите гледачи на 12 ли 13 март.
Мх.П.