Актерот Форест Витактер најверојатно ќе го игра борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг во новиот биографски филм кој ќе го режира британецот Пол Грингерс. Филмот со име „Мемфис“ ќе биде сниман како документарна драма, на сличен начин како и неговиот “United 93” кој се занимава со  терористичкиот напад во САД од 11 септември 2001 година, пренеле медиумите.

Дејството на филмот ќе ги следи последните години од животот на овој проповедник, активист и борец за правата на афро-американците, како и неговиот последен митинг во Мемфис. Мартин Лутер Кинг бил убиен на 4 април 1968 година. Витакер добил Оскар за улогата на Инди Амин во филмот „Последниот крал на Шкотска“, а моментално го снима филмот “Batler” за Јуџин Ален, батлерот кој 3 и пол децении работел во Белата Куќа.