Во х. Десарет во Охрид денеска ќе биде отворена меѓународна конференција за форензика, на која учество ќе земат голем број експерти од оваа област од земјава и странство.
Според најавите конференцијата ќе ја отвори министерот за здравство, Имер Селмани.
На тридневната коференција ќе се разговара за најновите светски достигнувања во областа на форензиката.