За време на пандемијата, од крајот на 2019 година до средината на декември 2020, повеќе од 2.200 милијардери во светот станале побогати за вкупно 1.9 трилиони долари, објави денеска Форбс,

Според изданието, вкупниот имот на најбогатите луѓе на планетата моментално е во висина од 11.4 милијарди долари, а кон крајот на 2019 година неговата вредност изнесувала 9.5 милијарди. Или, нивното богатство пораснало за 20 отсто.

За време на пандемијата, милијардерите како Џеф Безос, Џек Ма или Бернар Арно „просперираа“, наведува Форбс.

Најмногу се разбогатиле кинеските милијардери, и тоа за 60 отсто. Меѓу нив лидер е Чжун Шањшањ, сопственик на „Nongfu Spring“, компанија за производство на флаширана вода. Неговото богатство пораснало од 2 милијарди долари во април годинава, до неверојатни 62.5 милијарди во декември.

Во САД, капиталот најмногу си го зголемил основачот на „Тесла“ и „СпејсИкс“, Илон Маск, и тоа за 17 милијарди долари.

Од француските милијардери, кои се на трето место во рејтингот на Форбс, најзголемен е капиталот на Арно, сопственик на „Dior“ и „Louis Vuitton“ и косопственичката на на „L’Oreal“, Франсоаза Бетанкур-Мејерс. Тие држат повеќе од половина од вкупниот капитал на најбогатоте Французи.

Во рејтингот на топ десетте земји чии милијардери најмногу го зголемиле своето богатство во 2020 година, на прво место се оние од Кина, кои станале побогати за 750 милијарди долари, следни се милијардерите од САД, побогати за 560 милијарди дола. Француските се на трето место и станале побогати за 95 милијарди, по нив се оние од Индија со додадено богатство од 75 милијарди долари, а на петто место се оние од Хонгконг, со 60 милијарди плус.

На шесто место се германските милијардери, станале побогати за 55 милијарди, исто колку и јапонските. Трите последние земји во десетката се Сингапур (најбогатите таму станале побогати за 45 милијади), Австралија (за 35 милијарди) и Шведска (за 30 милијарди).

OhridNews