Списанието Форбс ја објави листата на најмоќни светски ѕвезди. Првото место го зазела Бијонсе. Бијонсе со Џеј Зи на својата последна турнеја заработила 2,4 милиони долари по настап, а вкупно имала 95 концерти. Во период од година дена, односно од 1 јуни 2013 до п јуни 2014 година заработила 115 милиони долари. На второто место е Леброн Џејмс. Во изминатава година неговата сметка станала поголема за 72 милиони долари. На третото место е Др Дре, кој за една година заработил дури 620 милиони долари. Ова е инаку најголема цира досега на листата на Форбс за славните личности. А оваа листа не се прави само според заработката, туку и по популарноста и појавувањето во медиумите.

На четвртото место се Опра Винфри. После Опра следува уште едно телевизиско лице, Елен Деџенерис која се нашла на петтото место. Сопругот на најмоќното славно лице, Џеј Зи оваа година е на седмото место. Флод Мејведер, спортист, се нашол на седмото место, додека осмото е резервирано за контраверзната пејачка Ријана. На деветтото е нејзината колешката Кети Пери а на десеттото Роберт Dауни Џуниор.