Форбс објави список на 100-те најмоќни жени во светот, a првата позиција е на Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос. Меккензи Скот зад себе на листата ги остави Камала Харис, Кристин Лагард, Мери Гара и Мелинда Гејтс. Во статијата за најмоќната жена во светот, Меги Мекграт пишува дека Скот добила огромни средства по нејзиниот развод од Безос, кој таа почнала да ги дистрибуира со голема брзина за добротворни цели.
“Пред три години, Мекензи Скот беше автор, сопруга и мајка на четири деца, која започна група против злоставување, а во 90-тите години му помогна на нејзиниот сопруг да го започне Амазон. Таа остана во сенка – но потоа се разведе од Џеф Безос, доби четвртина од неговиот удел во Амазон и речиси веднаш почна да планира како да го даде сето тоа.
“Имам непропорционална сума пари за споделување”, напиша таа во мај 2019 година, кога потпиша ветување за дарување подароци, истовремено ветувајќи дека ќе даде барем половина од нејзиното богатство за добротворни цели”, пишува МекГрат.
OhridNews