Магазинот Forbes по 16-ти пат го прогласи Бил Гејст за најбогат човек во светот, по годинешното рангирање на листата светски милионери, пренесува BBC.
Основачот на Microsoft уште еднаш го победи мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим на листата најбогати луѓе во светот. Богатството на Гејтс се проценува на 79 милијарди долари, а неговата заработка во изминатата година пораснала за 3 милијарди долари.
Вториот најбогат човек во светот, Карлос Слим поседува богатство од 77 милијарди долари. На трето место е Ворен Бафет со 72,2 милијарди долари.
Бафет воедно е и најголем добитник на овогодишната листа на Форбс, бидејќи неговото богатство пораснало за 14,5 милијарди долари во однос на минатата година, благодарение на растечката вредност на акциите на неговиот инвестиционен фонд „Беркшир Хатавеј“.
На четвртото место на листата на Форбс е Амансио Ортего, основач на модната куќа Индитекс, во рамки на која соработува брендот Зара. Неговото богатство е проценето на 64,5 милијарди долари.
Забележиво, е дека, според листата на Форбс, бројот на милијардери непрекинато расте, па оваа година нивниот број достигна нов рекорд од 1.826 милијардери во однос на минатогодишните 1.645.
Најбогата жена е Кристи Волтон, вдовицата на Џон Волтон, Wal-Mart.Најмлад милијардер на листата е Еван Шпигел, еден од основачите на Snapchat, со богатство од 1,5 милијарди долари, пишува Forbes.
OhridNews