Италијанскиот калчолигаш Рома дилемите околу тренерската позиција ќе ги реши со ангажманот на Паоло Фонсека од украинскиот тим Шахјтор Доњецк.

Рома остана без тренер после заминувањето на Клаудио Раниери кој на Олимпико пристигна како наследник на Еузебио ди Франческо. 46-годишниот Фонсека деновиве треба да ја официлизира преселбата во Рим, откако ги договори сите услови со клубот.

Фонсека го очекува многу работа и екипирање на тимот, бидејќи клубот ќе започне ера без капитенот Даниеле де Роси кој замина и уште неколку првотимци кои исто така најавија збогување со Рома.

Во тригодишниот престој во Шахјтор, 46-годишниот стратег освои три тиули во националниот шампионат, три во Купот на Украина и една во Супер купот. Фонсека една сезона го водеше Порто, а и исто толку се задржа и во Брага.

OhridNews