Македонија не ги искористува доволно фодовите на Европската Унија, а постои можност да стигне до средствата што таа ги нуди. Ова е заклучокот на Македонскио центар за европско образование кој заедно со Фондацијата Иститут Отворено општество -Македонија во Охрид организира шестдневна обука.

Европската Комисија треба да се замисли каде ги дава тие пари, смета извршната директорка на Македонскиот центар за европско образование, Лидија Димова. Според неа, од ИПА фондовите, Република Македонија во 2007 година имаше на располагање околу 58 милиони евра. Од нив,околу 10 милиони се прераспределени во полицијата, а само еден милион се наменети за рефомирање на судството. Таа вели дека не е логично што  Европските претставници во Скопје,  на чело со евроамбасадорот Ерван Фуере, укажат оти Македонија има лошо судство, а од друга во реформите на суството инвестирале само еден милион евра.

Покрај од ИПА, Македонија од 2006 година може да извлекува средства и од другите фондови на Европската Унија, но за жал, досега никој ништо не зборува за тоа”, потенцира Димова.

                        А. Ристоска