Матичните лекари најавија големи протести и затворање на ординациите ако им се намали капитациониот бод од 50 на 45 денари. Како знак на незадоволство, Здружението на приватни лекари и Лекарската комора на Република Македонија пред три дена, ги повлекоа своите членови од сите тела и комисии на Министерството и Фондот за здравство.
Лекарите тогаш се пожалија дека со намалување на капитацијата нема да можат да ги покријат сите трошоци во работењето, при што ќе трпи квалитетот на лекувањето на пациентите. Тие се револтирани што Министертвото за здравство донесува значајни одлуки и превзема рестриктивни мерки без никаква консултација со нив.
Од министерството за здравство објаснија дека намалувањето на капитацијата е привремено решение последица на здравствената криза.