Милионски донации кои изминатите години се слевале во фондацијата на славниот холивудски актер Леонардо Дикаприо, наводно потекнуваат од украдени пари, стои во извештајот на американското Министерство за правда, пренесува лондонски Daily Mail, пишува „Макфакс“.
Како што пишува Daily Mail, малезискиот бизнисмен и плејбој Хо Лоу, украдените пари од малезискиот фонд „1MBD“ ги трошел на луксузните аукции кои ги организирал Дикаприо за зачувување на животната средина.
Сепак, во извештајот се наведува дека засега нема индиции кои укажуваат на тоа дека холивудскиот актер знаел од каде потекнуваат парите, но скандалот со „перење на пари“, кој подолг период ја тресе Малезија, изтражителите гo споилe со фондацијата на Дикаприо.
Во извештајот на Министерството за правда се наведува де Хо Лоу ги украл парите од фондот „1MDB“, а потоа го трошел на аукциите кои ги организирал Дикаприо.
Меѓу другите информации, во извештајот стои податок дека Хо Лоу потрошил 1,1 милони долари за уметничките предмети на Ед Раш и Марк Рајден, кои биле понудени на една од аукциите.
OhridNews
извор: „Макфакс“