Двата настапи по својот карактер беа во многу нешта различни почнувајќи од односот на учесниците спрема традицијата и фолклорот, начинот на презентација, фондот на народни носии, изведувањето на игрите и обичаите итн.
За групата од Србија можеме да кажеме само комплименти. Беа вистински презентери на традицијата и фолклорот од повеќе краеви на Србија. Нивниот однос кон културното наследство беше со висок пиетет, презентацијата во рамките на можностите беше скоро автентична, богат фонд на автентична народна носија, но и начинот на изведувањето на народните игри и обичаи беа во рамките на оригиналноста, со исклучок на обичајот Еремија кој не би требало да се изведува од млади девојки т.е. тој обичај го изведуваале возрасни жени.
За разлика од нив втората група се обидиваше да ни ја претстави традицијата и фолклорот на турската заедница во Битола. За нас кои подобро ја познаваме традицијата и културата на заедниците во Македонија, ќе беше подобро да не го видевме тој настап. Чиста импровизација, конструкција и културоцит спрема богата традицијата на турската заедница во Македонија. Не соодветна носија, лош однос кон традицијата и фолклорот, па дури и неавтентично изведување на игрите и обичаите. Општо е познато дека во традиционалниот живот на Турците особена во колективниот живот постеле т.н. селем-лек и харем-лек, т.е. машки и женски дел (конак). Играњето на машки и женски во едно оро и фатени за рака, во традицијата на турската заедница не било можно. Уште повеќе што жените т.е. младите моми секогаш оделе покриени во лицето и главата со шамија и фереџе. Само со укажување на овие два елементи што и се познати на пошироката јавност би биле доволни да се прикаже конструкцијата што ни ја прикажаа т.н. фолклорна група „Јени Махале“. Јас лично многу го ценам богатото културно наследство на Турците во Македонија, но тоа што го видовме немаше ништо заедничко со културата и фолклорот на Турците во Македонија. Впрочем ние како етнолози, знаеме и која заедница живее во Јени Махале во Битола, која го говори турскиот јазик и се изјаснуваат за Турци, но никогаш не биле прифатени од другите вистинските Турци за такви, ниту склопувале бракови со ним, ниту го делеле заедничкиот колективен живот. Но, што да се прави кај нас на Балканот и во Македонија етничката идентификација не соодејствува секогаш со етничката припадност.
Што можи да се направи да се спречат вакви аномалии, импровизации и конструлции во фолклорот. Многу тежок проблем што со години се расправа во научните кругови. „Традицијата во транцицијата“ е поим што многу често се користи. Има многу манифестации каде се сака да се презентира традицијата а се презентира нешто друго, а младите генерации тоа го впиваат како сунџер и потоа воопшто и не немаат вистинска претстава за традиционалниот контекст, живот, обичаи и култура.
Отприлика сум и запознает со какви проблеми се соочува и манифестацијата Балкански фестивал на народни песни и ора, но сепак ќе мора да се вложат напори и во селектирањето на групите што доаѓаат на фестивалот. Исто така на мислење сум дека можеби треба да размисли и за многу поголема манифестација, со вклучување на многу повеќе земји и во светски рамки, па името на манифестацијата да не биде Балкански туку Светски. Впрочем настапот на групата од Костарика покажа колку денес во време на глобализацијата светот е мал, различит но и единствен во исто време. Во 2002 година имав прилика заедно со КУД „Дримкол“ од Вевчани да учествувам на еден голем светски фолкорен фестивал во Исмаилија, во Египет каде што учествуваа таа година близу 50 фолклорни групи ширум светот. Со не многу голем буџет, се направи голема туристичка атракција, се дружеја луѓе од целиот свет, се презентираше фолклорот на сите земји учеснички. Мислам дека Охрид и Македонија можат да направат нешто слично, уште повеќе што сме град на УНЕСКО светска организација за заштита на културно наследство.
авторот е доктор по етнолошки науки