Охрид до 6 мај ќе биде домаќин на 37-от  Конгрес на меѓународниот совет на фолклорни ориентации, на кој учество ќе земат претствници од 43  земји од светот.

На  Конгресот ќе стане збор за заштитата и воздигнувањето на традиционалните фолклорни вредности во областите на музичко-сценското творештво, носиите, архитектурата, традиционалните занаети.

Главна тема на конгресот ќе бидат начинот и критериумите на организација на фолклорните фестивали во светот. Покрај работниот дел, делегатите ќе посетат повеќе културно-историски споменици во Охридско и во Битолско

Инаку Меѓународниот совет на фолклорните организации и фолклорната уметност -ЦИОФФ, кој е организатор на Конгресот, постои 37 години. Во организацијата членуваат 137 земји од целиот свет. Македонија е членка на  ЦИОФФ од 1994 година.

Г.М.