Една фока ја напуштила реката Дервент во Австралија и се упатила кон блиската фабрика за чоколадо. Несреќната фока морала да ја помине улицата, а бидејќи била смена на работниците во фабриката се нашла во сред сообраќаен хаос. Освен оние кои си оделе дома, и останатите работници од фабриката излегле да ја видат фоката.
И ги впериле фаровите од десетина автомобили и со разни звукови, со помош на полицијата успеале да ја избркаат назад во водата. Портпаролот на полицијата изјавил дека животното било многу вознемирено и испуштало разни смешни звуци.