Англискиот 22-годишен репрезентативец Фил Фоден потпиша нов, петгодишен, договор со Манчестер сити, соопшти актуелниот шампион во Премиер лигата.
Фоден имаше важечки договор до лето 2024 година, а со продолжување на соработката се обврза да остане на „Етихад“ до лето 2027.
Од своето деби во дресот на Манчестер сити во 2017, Фоден досега собра 182 настапи и 52 пати се запиша во листата на стрелци.
Тешко е да се опише со зборови колку сум среќен што го потпишав овој договор. Тоа е остварување на сонот, изјави Фоден за клупскиот сајт.
Фоден сезонава во Премиер лигата постигна седум голови, вклучувајќи го и својот прв сениорски хет – трик во победата над градскиот ривал Манчестер јунајтед (6-3). ег/ссм