Како масата би изгледала што поразнобојно, а храната што попримамлива, во американските кујни се готви со флуоресцентни состојки. Кога е во прашање кујната, на иновативноста и нема крај. Моментално на подрачјето на САД исклучително популарно е суши кое свети во мрак. Имено, сушито било направено од шарени генетски модифицирани риби.


Овој вид исхрана била промовирана од кулинарското шоу „Glowing Sushi“. Во него се откривале рецепти во кои повеќето состојки се од секојдневниот живот, меѓутоа во нив се додавале и оние со необичен изглед кои се генетски модифицирани, како флуоресцентните риби.