По џиновските питони, жителите на Флорида се соочуваат со нови невољи, овој пат од џиновски полжави, кои можат да достигнат големина на глувци. Со потекло од Африка, овие полжави, иако делуваат симпатично, се многу опасни бидејќи нанесуваат големи штети на вегетацијата, а можат и да пренесат менингитис на луѓето. Од нивната појава во септември 2011 во Мајами се собрани 117 илјади примероци. Претставничката на локалните власти предупредила дека јадат околу 500 билни врсти. Со други зборови, уништуваат се што е зелено пред себе.
Флорида активно трага по ефикасен метод со кој би ги искоренила овие полжави кои полагаат и до 1200 јајца дневно. Најновата инвазија ги потсетила жителите на 1966 година кога властите потрошиле повеќе од милион долари и десет години труд да сузбијат сличен напад. Оваа американска држава неодамна била приморана да се избори и со инвазија на џоновски питони од Бирманија. За време на ловот кој бил организиран во февруари, уловени биле 70 примероци кои претставувале закана за екосистемот на националниот парк Еверглејдс.