Бразилскиот клуб Фламенго обезбеди пласман во финалето на Светското клупско првенство победувајќи го тимот на Ал Хилал со 3-1 во полуфиналето.
Фламенго потешко од очекувањата славеше во средбата со Ал Хилал. Бразилците, доцна, во вториот дел го скршија отпорот на противниците и успеаја да стигнат до победата вредна финале.
Сите посакуваат финале со Ливерпул, но европскиот првак мора прво да го помине составот на Монтереј во полуфиналето, кое се игра во 18:30 часот.
OhridNews