Кога како првоаприлска шега раперот Ти-Пејн објави дека пејачката ФКА Твигс и актерот Роберт Патисон се верија ниту пејчката ниту актерот не ја потврдија или демантираа оваа вест. Се до сега. Пејчката во интервју кое неодамна го даде призна дека таа и актерот се вериле после само пет месци врска. Исто така откри и дека не се налути кога нејзиниот пријател Ти-Пејн ја објави оваа вест.

 

Таа кратко коментирала дека се е во ред и дека е многу мирна личност, доколку можеме да сватиме што сака да каже. Со тоа пртврдила дека веста за веридбата е точна. ФКА заклучува дека коментарите на фановите на Роберт, кои навиваат за тој и Кирстен да се помират, биле ужасни. Но таа вели дека е во совршена врска и дека не се загрижува поради коментарите.