На свеченост што се одржа синоќа во комплексот „Голден бич“ во Горица, Фудбалскиот клуб Воска Спорт од Охрид, го прослави влегувањето во Првата лига.
На свеченоста присуствуваа играчите на екипата, стручниот штаб, раководството на клубот, како и бројни гости, меѓу кои и претседателот на ФФМ Сејдини, интернационални фудбалски менаџери и пријатели на клубот кој, со влегувањето во првата лига оваа сезона, испиша историја.
На свеченоста се обрати сопственикот на ФК Воска Спорт, Нефи Усеини, кој не го криеше задоволството од постигнатиот успех.
Воска Спорт сезоната 2022/23 во Втората фудбалска лига ја заврши на првото место пред Гостивар кој, исто така обезбеди пласман во повисок ранг, а трет беше Вардар кој ќе игра бараж за Прва лига. Охрид беше седми.
Г.М.