Навивачката група Рибари нема да може да присуствува на трибините на саботниот натпревар од Втората фудбалска лига Запад помеѓу Воска и Охрид на стадионот “Билјанини извори”.

Како што соопшти навивачката група, на ден пред градското дерби биле  информирани дека на барање на домаќинот средбата е прогласена за натпревар од висок ризик и донесена е забрана за присуство на организирана група  гостински навивачи.

Крајно сме разочарани и гневни од односот на Ф.К Воска! Имено на еден ден пред натпреварот против Ф.К Охрид на кој тие се водат како формален домаќин добивме забрана за влез на натпреварот! Во нашиот град на нашиот стадион ние добиваме забрана! Сакаме да им порачаме дека нема сила која ќе не спречи да го бодриме нашиот клуб! Рибари се симбол на спортот во градот Охрид!, се вели во соопштението од навивачката група.

Натпреварот Воска – Охрид ќе се одигра утре со почеток во 14 часот.

OhridNews