ФК Вардар доби нов сопственик во името на Мишо Поповиќ. Поповиќ доаѓа на местото на Трифун Костовски кој помина шест месеци на преседателското место во Вардар.

Претседател на Вардар најверојатно ќе биде Бојан Захариев кој е ко-сопственик на менаџерската агенција „Кик-Оф“ со седиште во Скопје.

Како што најави Поповиќ промоцијата на новиот Вардар ќе биде на „Градски“ против италијанскиот Наполи, а тогаш ќе бидат промовирани и новиот стручен штаб и играчите.

Досегашниот стратег Милко Ѓуровски и официјално е разрешен од позицијата прв тренер на клубот. Наскоро новото раководство ќе го одреди и новото тренерско име.

ohridnews