Фудбалскиот клуб Сатеска кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига југо-запад и Женскиот кошаркарски прволигаш Струга се дел од четириесет клубови, кои добија два пара дресови во вид на донација од спортската обложувалница Моцарт.
Нашата цел е преку оваа кампања да ги поддржиме локалните спортски клубови, а со тоа да придонесеме кон развојот на домашниот спорт. Настојуваме да ги опфатиме сите категории, од најмалите јуниори до искусните сениори, женски и машки клубови од различни спортови меѓу кои фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и др. Продолжуваме и понатаму со оваа кампања која носи надеж помеѓу спортистите и им посакуваме многу нови успеси на патот кон врвот. – изјавија од Моцарт.
Дресови во кампањата „Нови дресови, за нови шампиони“ покрај клубови од фудбал и кошарка добија одбојкарски, футсал и многу школи во кои разни спортови тренираат дечиња во најмала возраст.
OhridNews