Поранешниот македонски прваk прилепска Победа заработи осум годиншна суспензија од евро натпреварите, додека Николче Здравески и Александар Забрчанец добија доживотна забрана за фудбалска активност.


Ова е неофицијалната одлука од УЕФА изречена по писмените изјави и по сослушувањето на случајот Победа-Пјуник.

Доколку УЕФА ја потврди оваа одлука со официјално соопштение тогаш на потег ќе биде и македонската куќа на фудбалот. Според статутот на ФФМ, потврдено лажирање предвидува преселба на клубот во понизок ранг.

ohridnews