Фудбалскиот клуб Октиси со младиот и амбициозниот тренер на клупата Цвете Делиоски ги започна подготовките за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига југо-западен регион.
Големото акумулирано искуство играјќи долги години во македонскиот фудбал Делиоски ќе им го пренесе на избраниците од ФК Октиси. Делиоски кој има Б тренерска лиценца најавува работа, добра и допадлива игра на Октиси во новата сезона од третолигашкото друштво.
Клубот води активни преговори со неколку потенцијални засилувања, кои, ќе треба да го подигнат нивото на екипата која е една од 14-те, кои, ќе ја започнат новата сезона.
Есенскиот дел од претходниот шампионат Делиоски работеше во Сатеска од Волино, а претходно главниот збор го имаше во тимот Лабуништа кој моментално се натпреварува во Втората лига.
OhridNews