Фудбалскиот клуб Охрид Топ Тим од 8 до 16 февруари ќе учествува на престижниот турнир „Балканика Куп 2017“ кој се одржува во Сандански, Бугарија.
Охридските бели на покана од домаќинот по втор пат ќе бидат учесници и ќе се натпреваруваат со две генерации 2004 и 2006 година.
За квалитетот на турнирот говори учеството на Црвена Ѕвезда, Партизан, Локомотив Софија, Левски, Лудогорец, Раднички Ниш, Работнички, Академија Пандев и други.
OhridNews