Лидерот во второлигашкото првенството, ФК Охрид на домашен терен денеска во рамките од 4 коло го пречекува тимот на Миравци. По одличниот старт само победа е во мислите на охриѓани против тимот кој им е голем должник од минатото првенство.  

Минатогодишниот хит во првенството се наоѓа во резултатска криза. Во воведните три кола освоија само еден бод и претрпеа два порази. Сепак “белите“ во натпреварот ќе влезат претпазливо.

– Ќе го искористиме домашниот терен како и победничката атмосфера во тимот за да го збогатиме нашето конто со нови три бода – вели преседателот на клубот Лотески. Стрпливо работиме и ја чекаме нашата шанса, додава тој.

Со исклучок на подолго време отсутниот,  Велковски (повреден), тренерот на охридските бели, Трифуноски нема проблеми со составот.


Ohridnews