Падни стани ситуација во ФК Охрид. По само десетина дена откако самоиницијативно започнаа со подготовките за вториот дел од сезоната во Втората фудбалска лига, фудбалерите на Охрид, повеќе од една недела не тренираат.

Причината е повеќе од јасна, неисплатени средства на име плати на играчите од првиот дел на шампионатот. Заборавени, оставени сами на себе играчите се одлучија на овај мошне не популарен потег надевјќи се дека некој сепак ќе се сети на нив.

Два од неколкуте закажани контролни натпревари со екипите кои се на подготвки во Охрид, се откажани. Неколку фудбалери го напуштија клубот барајќи подобри средини за продолжување на нивните кариери.

По првиот дел од шампионатот “сините“ се наоѓаат во опасната зона и борбата за опстанок ќе биде уште потешка, кажи речи невозможна. По новонастаната ситуација доста веројатно е Охриѓани да не ги започнат натпреварите во вториот дел на шампионатот.

Лесно може да се случи по само една година “сините“ да се вратат во регионот во “дивиот“ запад.

Познавачите на Охридскиот спорт и фубалот не се изненадени од ваквата состојба и кратко коментираат “ништо ново“. . .

[email protected]