Фудбалската Федерација на Македонија поведе дисциплинска постапка против Ф.К.Охрид.

Причина за поведувањето на постапката се неисплатени трошоци на службените лица на КУП натпреварот 1/18 финале на Р. Македонија со Ф.К.Шкендија.

Овластено лице од Ф.К.Охрид во рок од 3 (три) треба да да достави писмена изјава.

Ова не е прв ваков случај. Минатиот викенд натпреварите на охридските кадетите и младинците не беа одиграни поради не исплаќање на службените лица.

Казната за не одигран натпревар во младинските категории изнесува 250 евра.

Само за потсетување, на минатата седница на дисциплинската комисија Димитри Трифуновски беше казнет со месец дена забрана на извршувње на било каква функција во спортот.

М.П.