Фудбалерите на Охрид ги започнаа подготовките за новата фудбалска сезона. Првиот дел од тренажниот процес ќе го поминат во Охрид.
Задржан е костурот на тимот кој го носеше товарот во минатата сезона.
На последната средба кај градоначалникот раководството најави силен Охрид. Не ја исклучија можноста за подготовки на екипата надвор од Охрид, но и неколку странски инвестиции кои само би го олеснале патот кон првата лига.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com