Новиот второлигаш екипата на Охрид ги започна подготовките за претстојната сезона која започнува на 4 Август.

Под водство на тренерот и играч  Гоце Маркоски на првиот тренинг се појавија сите играчи со кои Охирд триумфираше во Југозападниот регион. Екипата која го освои првото место во  регионот нема да претрпи некои големи измени во играчкиот кадар а за евентуалните засилување ке се одлучи деновиве.

По прекинатиот бараж натпреварот со Алумина и соломонската одлука на ФФМ со која Втората лига се прошири на 17 клубови, охриѓани се најдоа во старото  друштво. И покрај тоа што е одреден стартот на првенството, 4 Август,неизвесно е колку клубови од оние 17 ќе ја напуштат лигата. Голема е веројатноста лигата наредната сезона да брои 16 клуба со што  би испаднале 4 екипи.Во колку ФФМ се одлучи на враќање на бројката 12 тогаш  од лигата би испаднале дури 8 екипи.   

М.Постоловски