Од пред една недела на терените на спортскиот центар “Билјанини извори“ фудбалерите на Охрид кои по подолго време се вратија во втората лига , ги започнаа подготовките за новата сезона.

Охридските фудбалери во новото првенство  си поставија висока цел,борба за влез во најсилната фудбалска конкуренција.

На стартот од подоготвките се појавија 26 фудбалери , меѓу кои неколкумина од прволигашите Победа и Пелистер , но по неколкуте одработени тренинзи и контролниот меч со Вардар , истите се вратени назад бидејќи не ги задоволиле критериумите.


Во оваа фаза од подготвките нови играчи  на Охрид се Попанчески , дојде од Влазрими , Димоски кој е отстапен од Вардар , исто како и поранешниот голман на Силекс Богатинов , кој е само трет голман во редовите на актуелниот освојувачот на Македонскиот куп.

Според плановите , на Охрид ќе му бидат потребни уште четворица фудбалери , за тимот да може да атакува на првото место во прилично израмнетата второлигашка конкуренција , во која ќе партиципираат неколку поранешни прволигаши.

Како главни конкуренти , играчот и тренер Гоце Маркоски ги посочува:Брегалница , Тетекс , Беласица , Металург и финансиски добро стоечката Дрита.

Според плановите од 15 јули Охрид ќе ја започне серијата подготвителни натпревари преку кои ќе ја темпира формата за стартот на новото првенство.

Гоце Маркоски не информира дека на 15 јули Охрид ќе се сретне со Силекс , следуваат средбите со Напредок од Кичево на 18-ти  и  со  Ренова на 21 во Охрид.Контролниот меч со Пелистер во Битола ќе се одигра на 28 јули.

На првата средба од новото првенство во втората Македонска лига , фудбалерите на Охрид ќе гостуваат во Штип кај Брегалница.

Ненад Цветанов