Фудбалерите на Охрид ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната. Охриѓани во продолжението на првенството ќе влезат со нов тренер. Гони Мерко го предводи стручниот штаб во кој уште се и Тони Андреески и Благоја Буџакоски.




ФК “Охрид“ есенскиот дел од сезоната го заврши на осмото место со освоени 23 бода, девет помалку од првопласираната Слога Ј.

М.П.