Охридските фудбалери втора година по ред успеваат да го обезбедат второлигашкиот статус. Желбите на сите се` “рибарите“ да ги видат во Првата МФЛ, нио по сите турбуленции и промени во клубот оваа сезона опстанокот во второлигашкото друштво беше императив.
Пооследните натпревари ФК Охрид како домаќин ги одигра надвор од Охрид во Битола односно Новаци.До нашата редакција пристигна допис во кој Управата на фК Охрид 2004 ги објаснува причините за ваквиот потег.
Во дописот стои :
„Од 14.04 2009 год. има нов Управен Одбор со нов претседател Делче Максимоски. Од тој ден до денес 13.05 2009 год. нашиот клуб одигра 4 (четири) натпревари и освои 5 ( пет ) бодови со што го обезбеди опстанокот во втората
Македонска фудбалска лига. За споредба со првите 9 (девет) кола од пролетниот дел од првенството од натпреварувачката 2008/2009 год. клубот со претходното раководство освои само два бода и постигна еден гол со што го доведе во прашање опстанокот во лигата.
Користиме прилика да ги известиме сите лубители на спортот од нашиот град дека сите натпревари како домаќини ги играме надвор од Охрид од причини што службите на СРЦ Билјанини извори од за нас необјасливи и непознати причини не ни го дозволува тоа. Раководството на клубот на 24.04.2009 год се обрати со барање до службите на СРЦ Билјанини извори за одигрување на наредниот натпревар како домаќин на СРЦ Билјанини извори со екипата на Маџари Солидарност од Скопје на 28.04.2009 год.согласно условите што ги бара ова претпријатие. Тогаш од службите на СРЦ Билјанини извори ни беше одговорено дека тој натпревар во никој случај како домаќини не ќе можеме да го играме на теренот од СРЦ Билјанини извори бидејќи во тие моменти се возобновувала тревата на теренот. Ние тогаш му укажавме дека им имаме дадено распоред на натпреварите за целата сезона уште на почетокот на првенството и се знае кога може да се возобновува теренот.
Во тие моменти тие ни одговорија дека штом заврши обновувањето на теренот писмено ќе не известат и дури тогаш ќе можеме да ги користиме услугите доколку платиме за тоа. Ние ги прифативме тие услови.Но до денес 12.05.2009 год. немаме добиено никакаво известување од нивна страна, поради што Управниот Одбор на клубот на денешната седница донесе одлука до крајот на сезонат натпреварите како домаќини да ги играме надвор од Охрид.
Користиме прилика уште еднаш да ги информираме сите лубители на спортот во Охрид дека за натпреварите што како домаќини ги игравме во Битола и Новаци имавме обезбедено автобуси за навивачите, а исто така и за последниот натпревар од сезоната ќе обезбедиме навивачки автобус. Управниот Одбор на ФК Охрид 2004 ги повикува и охрабрува сите навивачи, симпатизери и лубители на нашиот клуб да застанат зад интересите на нашиот клуб, кој работи сериозно и најавува од идната сезона поход во првата Македонска фудбалска лига, каде што му е и местото“., е вели во дописот на ФК Охрид 2004 потпишан од претседателот Делче Максимоски.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com