Поранешниот македонски правак ФК Македонија го пријави српскиот првак Партизан на ФИФА поради не уплатената втора рата од трансферот на Бразилецот Вашингтон Да Силва
од ФК Македонија во Партизан.
од обештетувањето во висина од 120.000 евра. За остатокот од 125.000
евра според зборовите на претседателот на ФК Македонија Серафим Димевски
Партизан воопшто и не сака да чуе.
-Не ни се јавуваа на телефон, побараа нови услови за исплата и тоа не го исполнија, не ни остана ништо освен да се обратиме до ФИФА. Од таму му дадоа рок на Партизан за месец дена да ги исплати парите. Рокот истекува во понеделник, а од Партизан и понатаму нема глас нити најава за исплата. Оставаме случајот да го реши ФИФА на свој начин -изјави Димовски за српските медиуми.
Во вакви случаи е предвидено и одземање на 6-10 бодови за Партизан, а каков ќе биде епилогот ќе се дознае по 1 април.