Под палката на поранешниот македонски репрезентативец Цвете Делиоски со работа започна младинска фудбалска школа во клубот „Македонија“ од Враништа. Делиоски кој поседува тренерска Б лиценца големото акумулирано искуство играјќи долги години во македонски фудбал ќе им го пренесува на дечињата од 5 до 14 години.
Првична наша цел е да ги привлечеме младите на стадион. Потоа да ги научиме да бидат добри личности и спортисти. Оние кои ќе се истакнат ќе имаат можност да тренираат со првата екипа која се натпреварува во Трета МФЛ. Еден ден посакуваме некое фудбалерче од клубот да го облече дресот на македонската репрезентација. – изјави Делиоски.
Десна рака на Делиоски во работата со младинските категории ќе му биде Илија Цајлакоски.
OhridNews